Friday, April 29, 2011

Дејвид Бекам

Дејвид Роберт Џозеф Бекам е англиски фудбалер, роден е во квартот Лејтонстоун во Лондон. Игра како десен или централен играч од средината на теренот и поминува голем дел од својата кариера како играч на Манчестер Јунајтед, играл и за Реал Мадрид и ЛА Галакси. Во 2003 излезе неговата автобиографија наречена „Мојата вистина“.

Кариера

Како капитен на Англија, има одиграно 58 натпревари, од вкупно 100. Неговата кариера започна во 1992 година (17) кога потпиша професионален договор со Манчестер Јунајтед. Клубот го напушти во 2003 година, кога потпиша за шпанскиот Реал Мадрид, каде играше 4 сезони. Во јануари 2007 Бекам потпиша петгодишен договор со Лос Анџелес Галакси. Оваа сезона беше најавен негов трансфер во Милан, но официјално уште не е потврдено.

Приватен живот

Во 1997 година, Бекам започна да излегува со Викторија Адамс (сега Викторија Бекам) (Пош Спајс од Спајс Г’рлс). На 24 јануари 1998 година, Бекам се ожени со Викторија. На 4 март 1999 година, се роди нивниот прв син син, Бруклин. Четири месеци потоа, Бекам и Викторија се венчаа во еден замок во Ирска, а кум на венчавката им беше тогашниот клубски другар Гери Невил. Нивниот втор син, Ромео, се роди на 1 септември 2002 во Лондон, а третиот, Круз, на 20 февруари во Мадрид. Кумови на Бруклин и Ромео се Елтон Џон и Елизабет Харли.

Кристијано Роналдо дос Сантос Авеиро

Кристијано Роналдо дос Сантос Авеиро  роден e  на  5 фебруари 1985 во Фуншали, познат е како Кристијано Ронално, и е португалскифудбалер, кој моментално игра за ФК Реал Мадрид во Шпанија,a поголем дел од својата кариера ја помина во Англискиот прволигаш ФК Манчестер Јунајтед.
Роден е на португалскиот остров Мадеира. Пораснал со мајка му Марија Долорес дос Сантос Авеиро и татко му Жозе Динис Авеиро, кој починал додека Роналдо имал натпревар против Русија со репрезентацијата на Португалија, постариот брат Хуго, и две сестри, Елм и Лилиан Катиом a поголем дел од својата кариера ја помина во Англискиот прволигаш ФК Манчестер Јунајтед .